Банки
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со стратегијата, Банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на својот тим, Халкбанк АД Скопје нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.
Поради пополнување на базата на апликанти, како и за идни потреби од вработени, Халкбанк АД Скопје објавува оглас за следната работна позиција:
РЕФЕРЕНТ ЗА БАНКАРСКИ ОПЕРАЦИИ
ВО СКОПЈЕ (РЕФЕРЕНЦА БР. 001/2020)
Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и шалтерски операции.
Потребни квалификации и карактеристики:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Без работно искуство, или со работно искуство на иста или слична работна позиција до 3 години во финансиска институција – банка;
- Познавањето на банкарските операции со готови пари, и искуство со контакт и комуникација со клиенти ќе се смета за предност;
- Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;
- Ориентираност кон клиенти;
- Ориентираност кон маркетинг и промоција на продуктите на Банката;
- Одлични комуникациски вештини и одржување на одлични односи со клиенти;
- Висок степен на чесност, етичност и доверливост;
- Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на зададени рокови;
- Високо ниво на аналитичност и прецизност во секојдневното извршување на работни задачи;
- Способност за тимска работа;
- Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
- Професионален изглед и однесување;
- Познавање и активна примена од најновите компјутерски технологии и информатички;
- средства кои се во широка употреба.
Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, аплицирајте најдоцна до 05.02.2020 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 001/2020 – Референт за банкарски операции во Скопје.
За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје