Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Фонд за иновации и технолошки развој

Објавено

на

Врз основа на член 32 од Законот за иновациската дејност (Сл. весник на РМ бр. 79/13, 137/13, 41/14, 44/15, 6/16, 53/16 и 1 90/16), Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој објавува ЈАВЕН ОГЛАС за избор на Директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Потребни услови кои кандидатот треба да ги исполни:
– да е државјанин на Република Македонија;
– во моментот на изборот, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за

– вршење на професија, дејност или должност;
– да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на економските или

– техничкотехнолошките науки;
– да има минимум 5 (пет) години работно искуство во областа;
– да има положено психолошки тест и тест за интегритет и
– да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот

– јазик не постар од пет години:

ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода
ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода
ИЛЕЦ (ILEC) Cambridge English: LegalнајмалкуБ2 (В2) ниво
ФЦЕ (FCE) Cambridge English: First – положен или
БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите потребно е да ги достават следниве документи;
– кратка биографија и мотивационо писмо;
– уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци);
– диплома или уверение за завршена стручна подготовка (заверено на нотар);
– потврда од надлежен орган дека не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност не постаро од 6 месеци;
– потврда за работно искуство во областа;
– сертификат или уверение за познавање на англиски јазик (согласно горе наведените потребни услови)
– доказ за положен психолошки тест и тест за интегритет.

Документацијата за аплицирање се доставува во затворен плик до Ивана Сазданоска, овластено лице за прием на апликации, на следнава адреса: Фонд за иновации и технолошки развој, бул. Гоце Делчев бб, зграда на МРТ, 20 кат 1000 Скопје, со назнака „за јавен оглас за избор на Директор на Фондот за иновации и технолошки развој”

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок.

Полното работно време на Директорот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 08. 30 часот до 16. 30 часот.

Директорот се избира за период од 4 (четири) години.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на аплицирањето. Краен рок за аплицирање е 29.3.2018 година.

Некомплетна документација и документација доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Компании

„Алибаба“ го заобиколува Балканот, отвора логистички центар во Белгија

Објавено

на

Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ ќе отвори логистички центар во Белгија, со што е очевидна намерата да го заобиколи Балканот. Центарот ќе се наоѓа во белгискиот град Лиеж, на тромеѓето на границата со Германија и Луксембург, а во близина е и Брисел. Тоа е петти лигистички центар на таа компанија во светот. Во Европа веќе има во Франкфурт. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Џеф Безос: Амазон ќе пропадне и ќе банкротира

Објавено

на

Амазон еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, изјави нејзиниот основач Џеф Безос, одговарајќи на прашање за иднината на компанијата на неодамна одржаниот состанок со работниците. (more…)

Продолжи со читање

Компании

„Икеа“ се вклучува во борбата против загадувањето на воздухот

Објавено

на

Шведскиот ланец на продавници за мебел, „Икеа“, ќе почне со производство на продукти од земјоделски отпад во обид да им помогне на жителите на најзагадените градови во светот полесно да дишат. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange