Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Компании

Оглас за вработување во финансиско друштво ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиското друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Компанијата нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

ТИГО Фајнанс се состои од тим на професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст, компанијата има потреба од ангажман на нови вработени и за таа цел објавува оглас за Асистент за маркетинг.

Асистент за маркетинг  

Вистинскиот кандидат за оваа позиција треба да биде проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, притоа имајќи позитивен став со цел градење на успешна компанија.

Позицијата вклучува:

  • Имплементација на стратегија за локални маркетинг активности во градовите каде компанијата има филијали
  • Објава на содржини на веб страна и пишување на објави за блог
  • Предлагање и развивање на идеи за креативни маркетинг кампањи
  • Следење на онлајн и офлајн кампањи
  • Контрола на маркетинг трошоци
  • Координација со дизајнери во однос на насоки за изработка на секаков вид на промотивни материјали
  • Организација на промотивни активности
  • Организација и учество на настани
  • Извршување на административна работа потребна за непречено функционирање на одделот
  • Следење на стандарди за комуникакција на брендот, придржување до процедурите на работа, ефикасно управување со време и ефикасно извршување на обврските.

Профил на кандидат:

  • ВСС (VII/1 степен) Eкономски факултет, насока Маркетинг
  • Претходно искуство во улогата на стручен соработнк за маркетинг од најмалку 2 години
  • Познавање на англиски јазик
  • Претходно искуство во ажурирање и одржување на веб страни, ќе се смета за предност
  • Разбирање за елементите на маркетинг (вклучувајќи традиционален и дигитален маркетинг)
  • Добра организација и посветување внимание на детали, аналитички вештини
  • Вештини за комуникација, пишување и презентација
  • Флексибилност и тимски дух

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сте спремни за нов предизвик, испратете ја Вашата биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@tigo.mk.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како IT професионалец со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и сакате да го унапредувате своето знаење и вештини во финансиска институција,  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во финансиска институција. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и ве интересира работење во финансиска институција, Штедилница Можности вработува:  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ЊуМомент

Објавено

на

Маркетинг агенцијата ЊуМомент бара нов член за проширување на своето „медијанско“ семејство, поточно non-TV media planner или media manager. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange