Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М Кеш Македонија е финансиска институција, дел е од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија, Украина, Романија, Полска,Чешка и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите така и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од

ДИРЕКТОР ЗА ОПЕРАТИВНИ ДЕЈНОСТИ

Компанијата бара искусен оперативен директор за управување со секојдневните активности. Правиот кандидат мора да биде подготвен да изгради и моделира одлична култура на компанијата, да обезбеди инспирирано лидерство до извршниот тим, да воспостави одличен работен однос со вработените на сите нивоа во компанијата и да постави курс за стратегија на компанијата.

Опис на работни задачи:

  • Обезбедување широка лидерска и инспирирана компанија.
  • Донесување решенија на високо ниво за политиката и стратегијата на компанијата.
  • Информирање и рапортирање кон управителот на компанијата.
  • Развивање и спроведување на оперативни политики и стратешки план.
  • Развивање на културата  и целокупната визија на компанијата.
  • Помош при вработување на нови лица доколку е потребно во соработка со HR Менаџер.
  • Создавање околина што промовира одлични перформанси и позитивен морал.
  • Надгледување на финансиските активности на компанијата, вклучително и буџетирање, известување и ревизија.
  • Соработка со сите менаџери и службеници на повисоко ниво.
  • Следење на правни и регулаторни документи , дали се поднесени  и го следат почитувањето на законите и прописите.
  • Идентификуање  и адресирање на проблемите и можностите за компанијата.
  • Градење на соработка со друго организации.
  • Стратешки и иновативен пристап во работењето за развој на компанијата.
  • Следење на перфорамнсите на вработените.
  • Развивање на бизнис можности и давање предлози.
  • Подготовка и ревидирање на буџет.
  • Контрола на финансиски резултати од активностите.
  • Одоговорен за кредитен оддел.
  • Директен надзор на Кол центар и оптимизација на работни процеси.

Потребни квалификации:

  • Искуство од најмалку 2 години во соодветната област ќе се смета за предност.
  • Работа со компјутери (Word, Excel, Outlook…).
  • Диплома за завршени додипломски студии или постдипломски студии во соодвента област.
  • Познавање од областа на приходи и Познавање за профит и загуба, управување со билансот на состојба и готовински тек и општо финансирање и буџетирање.
  • Способност да се изгради консензус и односи меѓу директори, партнери и работна сила.
  • Искуство со корпоративно управување.
  • Докажани вештини за преговори.
  • Способност да ги разберете новите проблеми брзо и да донесувате мудри одлуки.
  • Способност да се инспирира доверба и да се создаде доверба.
  • Способност за работа под притисок, ефикасно планирање на личниот обем на работа и делегирање.

Очекувани способности и вештини:

  • Комуникативност, прецизност, лојалност, иноватиност, креативност, тимска работа, добра организираност.
  • Способност за управување со проекти.
  • Одлични интерперсонални вештини (одговорност за вработените, контрола на тимот и претставување на компанијата).
  • Аналитички способности.
  • Желба за учење нови вештини во прогресивна и иновативна средина.
  • Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок.

Компанијата нуди:

  • Компетитивна плата.
  • Пријателска работна атмосфера.
  • Динамична и одговорна работа со постојан раст.
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација.
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа.

Доколку сметате дека одговарате на барањата на компанијата, доставете го вашето  CV на електронската адреса: bjanka.katru@mcash.mk, со назнака “Директор за оперативни дејности”.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија гарантира доверливост на сите апликации за работа, a ќе ги исконтактира само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.

Компании

Оглас за вработување во Штедилница ФУЛМ

Објавено

на

Од основањето во 1999 година, до денес, Штедилница ФУЛМ  бележи континуиран и одржлив напредок. Идејна стратегија на Штедилница ФУЛМ е вработување на перспективни, амбициозни и креативни млади луѓе.

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција за Маркетинг и Дигитални медиуми и да бидете дел од креативниот и посветен тим на Штедилница ФУЛМ, аплицирајте на e-mail: apliciram@fulm.com.mk со испраќање на Вашето CV.

При аплицирање задолжително треба да го пополните и приложите формуларот за согласност.

Сите апликации кои пристигнуваат се чуваат во базата на податоци на Штедилница ФУЛМ и доколку е потребно се ревидираат согласно потребите.

Напомена: Податоците што се содржани во Вашите биографии ќе бидат чувани и обработувани во обем согласно целите за кој се прибираат. Со самото аплицирање ќе сметаме дека сте согласни со наведеното, во спротивно по Ваше барање истите можат да бидат вратени на Ваша е-маил адреса.

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Македонски Телеком со зголемена добивка и раст во интернет, ТВ и ИКТ сегментот во 2020 година

Објавено

на

Македонски Телеком оствари позитивни резултати во 2020 година и покрај предизвиците на работењето што ги наметна ковид-19 пандемијата. Продолжува растот на бројот на корисниците на интернет и телевизија, а се забележува и нов позитивен тренд во ИКТ областа. Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е благо намалена за 0,6 отсто, во споредба со претходната година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно