Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.
Финансиско друштво М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел е од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите така и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Проект менаџер.

Примарната цел на проект менаџерот е преку соодветно планирање, водење и координирање на проекти да придонесе за успешно рабоење на компанијата. Проектниот менаџер игра клучна улога во  остварување на стратегијата на компанијата.

Опис на работни задачи:

  • Организирање контролира и управување со планирањето и спроведувањето на доделениот проект;
  • Дефинирање на  целите, обемот на проектот и очекуваните резултати;
  • Дефинирање на задачите на проектот и обезбедување ресурси;
  • Подготовка на  буџет на доделениот проект, управување со истиот  и следење на трошоците;
  • Развивање методи и техники за контрола на доделениот проект, проценка на ризик;
  • Подготвува план и распоред за термините во секоја фаза од доделениот проект;
  • Утврдување на  членовите на проектниот тим, ја координира нивната работа и им помага во процесот на имплементација на проектот;
  • Развивање стратегија за комуникација со проектниот тим и предлага план за комуникација;
  • Иницирање и организирање состаноци со проектниот тим за идентификување и решавање на проблемите;
  • Следење на  спроведувањето на роковите на проектот во секоја фаза;
  • Подготвување проценка за квалитетот и резултатите од завршените проекти и известува за нив до неговиот директен менаџер.

Потребни квалификации:

  • Високо обраование;
  • Минимум две години искуство во водење проекти, односно искуство на иста или слична позиција:
  • Ќе се смета за  предност доколку има искуство во финансиски сектор;
  • Искуство во менаџирање проекти;
  • Познавање на Scrum и Kanban програм;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски јазик.

Очекувани способности и вештини:

  • Одлични аналитички вештини;
  • Напредни комуникациски вештини;
  • Напредни вештини за пишување;
  • Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време;
  • Основно ниво на техничко знаење;
  • Способност за тимска работа;
  • Посветеност.

Компанијата нуди:

  • Компетитивна плата;
  • Пријателска работна атмосфера;
  • Динамична и одговорна работа со постојан раст;
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација;
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа.

Доколку сметате дека одговарате на барањата на компанијата, доставете го вашето  CV на електронската адреса: careers@mcash.mk, со назнака “Проект менаџер”.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија гарантира доверливост на сите апликации за работа, a ќе ги исконтактира само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.

Компании

Државна кредитна гаранција и државна царинска гаранција како дел од мерките на четвртиот сет економски мерки

Објавено

на

Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Илирика Инвестментс АД Скопје оствари добивка од 4,7 милиони денари во 2019 година

Објавено

на

Илирика Инвестментс АД Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Популарно