Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ФД СН Финансии

Објавено

на

Компанијата ФД СН Финансии вработува Back Оffice Маnager.

ФД СН финансии има потреба од Back Оffice Маnager кој ќе учествува во управувањето со деловните процеси во компанијата и креирањето на процедурите на друштвото, востановување на метрички системи за мерење на ефикасност на работењето, изготување на планови, подобрување на ефикасноста на интерните процеси како би се гарантирала ефикасна комуникација, максимална продуктивност и ефикасно работење, учество во подготовка на анализи за остварените приходи, раководење со тим и грижа за развој на знаењата и на потенцијалот на членовите на тимот, учествува во иницијативите за управување со знаењето, изготвување на планови и канали за стекнување на знаење и имплементирање на практики за пренесување на знаење, грижа за потенцијални клиенти, раководење со оддел за наплата на побарувања, архивирање итн.

Потребни квалификации

– Високо образование- Економски факултет или Правен факултет
– Најмалку 3 години работно искуство на слична позиција во областа на финансиите или банкарство
– Одлични аналитички и организациски вештини
– Одлично познавање на англиски јазик и MS Office пакет
– Напредни способности за комуникација, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми
– Напредни способности за презентација, креативност и проактивност, доверливост, флексибилност
– Спосоност за работа под притисок и кратки рокови.

Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на hristina.ivanovic@snfinansii.mk најдоцна до 22.01.2019 година, со назнака на огласот за кој аплицирате.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на тест и интервју.

Работното време е од 08:00 часот до 19:00 часот и се работи во две смени.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на ФД СН финансии за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена податоците ќе бидат избришани.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Стопанска комора: Македонските компании потпросечно профитабилни, без иновации и дигитализација

Објавено

на

Големите, традиционално етаблирани македонски компании на кои отпаѓаат 90% од домашната економија се на дното во регионот по иновативност и дигитализација. Слабо внесуваат новини, инертни се и не сакаат да ризикуваат. (more…)

Продолжи со читање

Компании

4 начини како FinTech компаниите ќе направат промени во финансискиот сектор 2019 година

Објавено

на

Во текот на последните неколку години, имаше бум во технологијата и се развиени нови и иновативни идеи за да ни помогнат да се справиме со многуте комплекси на нашите животи. Финансиите отсекогаш биле тежок предмет за многу луѓе. Затоа, финансиските институции како што се банките прават огромни профити. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange