Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Регионален менаџер за корпоративни клиенти
Западен регион: Тетово и Гостивар
Ако имаш амбиција за работа во динамична атмосфера, со одлични услови за професионален развој во работата и остварување на високи резултати, пријави се на огласот и приклучи се на успешниот тим на УНИБанка.
Треба да поседуваш:
- Искуство во соработка со корпоративни клиенти;
- Високо стручно образование – Економски факултет;
- Одлични организациски и комуникациски вештини;
- Вештини за презентирање;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Познавање на англиски јазик;
- Вештини за користење на пакетот – Microsoft Office;
- И најважно, желба за тимска работа и успех.
Твоите професионални активности:
- Контакти и директни средби со постоечките и нови потенцијални корпоративни клиенти на Банката заедно со соодветните Раководители на експозитури;
- Презентација и продажба на сите продукти и услуги на Банката;
- Идентификување можности за cross и up-sale кај постоечките клиенти на Банката во рамки на регионот;
- Давање совети за работењето со правни лица на вработените во експозитурите за кои се надлежни;
- Помага во раната наплата на побрувањата од компаниите;
- Aнализа на банкарскиот сектор во државата и развој на идеи за подобрување на нашите продукти и услуги.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 18.06.2023 година.
Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификции и услови ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање за оваа работна позиција, се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Платена практикантска работа во НЛБ Банка

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство