Connect with us

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Раководител на експозитура Гевгелија

Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!

УНИБанка на вработените им нуди динамична работа со можност за професионален развој и усовршување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Биди и ти дел од тимот на УНИБанка!…

Потребни квалификации и вештини:

  • Високо стручно образование – Економски факултет;
  • Работно искуство од најмалку 3 години, по можност раководна позиција во финансиски сектор;
  • Одлично познавање на англиски јазик и MS Office;
  • Менаџерски и лидерски способности;
  • Силни преговарачки способности, страст за продажба и работа со клиенти;
  • Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Работни активности:

  • Активно учество во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти и гради продажна и претприемачка култура во експозитурата и придонесува во носењето на квалитетни кредитни одлуки;
  • Одговорен за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна диструбиција на останатите банкарски производи и услуги;
  • Го следи и анализира економскиот потенцијал и пазарните можности на локалната економска заедница и истражување на можностите за деловен развој;
  • Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
  • Се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата;
  • Одговара за исполнувањето на таргетите и финансиските резултати на работењето на експозитурата;
  • Ги следи промените на законската и подзаконската регулатива како и актите на Банката и се грижи за нивната примена во работењето на експозитурата од страна на вработените во истата;
  • Oрганизира, координира и раководи со тимот во експозитурата и дава иницијативи за унапредување на работата.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 07.05.2023 година.

Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификции и услови ќе бидат повикани на интервју.

Со аплицирање за оваа работна позиција, се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk 

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Платена практикантска работа во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно