Connect with us

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на:

Референт во бек офис во Сектор за деловно работење во
Дирекција Мрежа на експозитури

Потребни квaлификации:

  • Високо стручно образование;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Напредни вештини за користење на – Microsoft Office;
  • Организациски и комуникациски вештини;
  • Способност за работа под притисок и во брзи рокови;
  • Подготвеност за преземање на одговорност и иницијатива;
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења.

Одговорности и задачи:

  • Се грижи за стручно, навремено и квалитетно извршување на поставените работни задачи;
  • Редовно го надгледува тековното работење на експозитурите, успешното пласирање на производите и услугите преку продажната мрежа;
  • Се грижи за остварување на високо ниво на теренски посети и промоции од страна на продажната мрежа;
  • На дневно ниво го следи перформансот на експозитурите во продажбата и остварувањето на буџетските цели;
  • Учествува во изготвување на  процедури, упатства, и инструкции за работата на организационата единица;
  • Изготвува извештаи и презентации за своето работење и работењето на експозитурите до Раководителот на Секторот, а во врска со сите работни процеси, работи и работни задачи во Секторот;
  • Дава подршка на вработените во експозитурите во извршување на секојдневните работни задачи;
  • Се грижи за изнаоѓање решенија на проблемите во работењето на експозитурите и секторот, во спротивно е должен да ги информира претпоставените;
  • Помага во расчистувањето на рекламации, поплаки и други барања во експозитурите;
  • Помага во исправката на податоци настанати од оперативни грешки во мрежата на експозитури.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 07.08.2022 година.

Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Платена практикантска работа во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно