Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИ Банка нуди можност за вработување на искусни и мотивирани кредитни аналитичари со желба за работа во динамична атмосфера и одлични услови за развој.
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка!
Кредитен аналитичар во дирекција корпоративно банкарство
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено високо образование – Економски факултет;
- Работно искуство од најмалку 1 година во финансиски институции;
- Работно искуство во изготвување на финансиски анализи на правни субјекти ќе има приоритет при изборот;
- Добро познавање на економските трендови и аналитички способности во областа на корпоративниот сектор;
- Афинитети за тимска работа;
- Добро познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Возачка дозвола Б категорија.
Основни работни активности:
- Управување со корпоративните клиенти на банката;
- Изработување комплетна анализа и проценка на финансиската и економската состојба на корпоративните клиенти на банката;
- Директна комуникација со корпоративните клиенти на банката;
- Презентација на кредитните барања до надлежните органи на одлучување на банката;
- Следење на договорните обврски на корпоративните клиенти на банката;
- Унапредување на соработката со постоечките клиенти на банката.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Заинтересираните кандитати да испратат e-mail на: jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 31.05.2022 година.
Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје


Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје