Connect with us

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција:

Референт за присилна наплата во сектор плаќања во земјата

Потребни квалификации:

  • Високо стручно образование;
  • Најмалку 1 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи;
  • Одлични аналитички способности и способност за писмено известување;
  • Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите;
  • Познавање на англиски јазик, како и напредно користење на MS Office.

Одговорност и задачи:

  • Ги познава, разбира и почитува прописите и законите кои ја регулираат проблематиката од областа на Секторот;
  • Постапува по решенија за присилна наплата – реализација, блокада, деблокада, враќање;
  • Постапува по барања на извршители;
  • Врши следење на извештаи за блокирани сметки и приоритети на блокади;
  • Спроведува целосна или делумна наплата по основ на решенијата за присилна наплата;
  • Спроведува оставински решенија и решенија за стечај и ликвидација;
  • Врши пресметка на провизии за блокирани сметки;
  • Попис и архивирање на предмети;
  • Контактира со експозитурите на Банката и
  • Извршува и други работни задачи по налог на претпоставените

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, потребно е да испратат кратка биографија на e-mail: jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 24.12.2021 година.

Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)

Продолжи со читање

Популарно