Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје



УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција:
Раководител на Сектор Плаќања во земјата
Потребни квалификации:
- Високо стручно образование;
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство на иста или слична позиција;
- Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи;
- Познавање на прописите и законите кои ја регулираат проблематиката од областа на Секторот;
- Одлични аналитички способности и способност за писмено известување;
- Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите;
- Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и напредно користење на MS Office.
Одговорност и задачи:
- Ја организира, координира и контролира работата во Секторот;
- Ги познава, разбира и почитува прописите, законите и интерните акти кои ја регулираат проблематиката од областа на Секторот;
- Доставува предлози за подобрување на организацијата на работењето во Секторот;
- Го следи работењето на вработените во Секторот и го дава своето мислење согласно процедурите на работа во Банката;
- Учествува во работни групи за креирање и изработка на нови решенија во работењето на Банката;
- Предлага промени на процедурите и упатствата за работа во доменот на Секторот;
- Креира и пушта пратки кон КИБС и МИПС за налози и сметки согласно терминскиот план за работа на платните системи;
- Комуницира со клиенти и надворешни институции;
- Врши контрола на решенија за присилна наплатa, пресметки на затезни камати, затворања на сметки, потврди, дописи, фактури и слично;
- Изработува законски и интерни извештаи;
- Контактира со експозитурите на Банката;
- Комуницира со Добавувачот на системот за електронско и мобилно банкарство и
- Извршува и други работни задачи по налог на претпоставените.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, потребно е да испратат кратка биографија на email: jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 24.12.2021 година.
Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје


СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје