Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка нуди можност за вработување на искусни и мотивирани кредитни аналитичари со желба за работа во динамична атмосфера и одлични услови за развој.
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка!
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено високо образование – Економски факултет;
- Работно искуство од најмалку 1 година во финансиски институции;
- Работно искуство во изготвување на финансиски анализи на правни субјекти ќе има приоритет при изборот;
- Добро познавање на економските трендови и аналитички способности во областа на корпоративниот сектор;
- Афинитети за тимска работа;
- Добро познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Возачка дозвола Б категорија.
Основни работни активности:
- Управува со корпоративните клиенти на банката;
- Изработува комплетна анализа и проценка на финансиската и економската состојба на кредитобарателите;
- Врши директна комуникација со корпоративните клиенти на банката;
- Дава предлог и го презентира кредитното барање до надлежните органи на одлучување на банката;
- Изготвува документација за реализација на одобрените кредитни барања;
- Врши следење на договорните обврски на корпоративните клиенти на банката;
- Дава предлози за унапредување на соработката постоечките клиенти на банката.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Заинтересираните кандитати да испратат e-mail на: jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 25.08.2021 година.
Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)
Банки
Оглас за вработување во ПроКредит Банка


Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте заинтересирани за нови предизвици во динамична меѓународна и мултикултурна средина (more…)
Банки
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје


Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје