Connect with us

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Ако твојата желба е работа во динамична работна атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот и придружи се кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје.

УНИБанка нуди модерни услови за работа и можност за постојан развој и надоградување, месечна нето плата во зависност од искуството и квалификациите, како и бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Можеби токму ТИ, си потребен во успешниот тим на УНИБанка АД Скопје!

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Раководител на експозитура во Дебар!

Потребни квалификации:

  • Работно искуство од најмалку 3 години – банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот;
  • Одлично познавање на пазарните прилики;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Менаџерски и лидерски способности;
  • Силни преговарачки способности и страст за продажба и работа со клиенти;
  • Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
  • Способност за самостојно носење одлуки и решавање на проблематични ситуации;
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
  • Да извршува сложени работни активности во кратки временски рокови, а по потреба со продолжено работно време.

Од кандидатот се очекува:

  • Да ја организира, координира, раководи, контролира и дава иницијативи за унапредување на работата во експозитурата;
  • Да се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата каде што е претпоставен;
  • Одговара за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна дистрибуција на останатите банкарски производи и услуги;
  • Активно учествува во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти и гради продажна и претприемачка култура во експозитурата и придонесува во носењето на квалитетни кредитни одлуки;
  • Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
  • Одговара за исполнувањето на бизнис целите и финансиските резултати на работењето на експозитурата.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Заинтересираните кандитати да испратат каратка биографија (CV) на: jobs@unibank.com.mk, најдоцна до 03.08.2021 година.

Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка објавува оглас за вработување на:

Банкарски службеник (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на три лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање


Популарно