Connect with us

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Самостоен референт за спречување перење пари и финансирање тероризам

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование;
  • Работно искуство од минимум 3 години во банкарски сектор во полето на СПП и ФТ, познавање на домашна и меѓународна регулатива во областа на СПП и ФТ;
  • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи;
  • Способност за решавање проблеми, донесување на одлуки и работа под притисок;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на MS Office;
  • Поседување на безбедносен сертификат ќе се смета за предност.

Одговорност и задачи:

  • Следење на законски прописи и други правни акти од областа на СПП и ФТ, како и интерните акти на Банката;
  • Организирање, управување и мониторирање на процесот на ажурирање на податоци на клиенти и сопственичката структура на правните лица;
  • Изработка и контрола на дневни, месечни, законски и интерни извештаи;
  • Анализирање и следење трансакции и анализа на ризици од перење пари и финансирање на тероризам согласно интерните акти;
  • Имплементација на контрола во согласност со меѓународните и домашните прописи, како и со интерните процедури и политики на Банката;
  • Учество во креирање план и спроведување на обука на сите вработени за СПП и ФТ;
  • Соработка со домашни и странски банки како и со останати надворешни институции за потребите од областа на СПП и ФТ како и за прашања поврзани со законските регулативи.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 07.05.2021 година.

Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk.

Банки

Оглас за вработување на Референт за кредитна администрација во Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување на Референт за плаќања во Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување на Специјалист за апликативни решенија во Силк Роуд Банка

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање



Популарно