Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:
Раководител на Експозитура – Скопје
Кандидатот потребно е да ги има следните квaлификации:
- Високо стручно образование;
- Работно искуство од најмалку 3 години – банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот;
- Одлично познавање на пазарните прилики;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Возачка дозвола Б категорија.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Менаџерски и лидерски способности;
- Силни преговарачки способности и страст за продажба и работа со клиенти;
- Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
- Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
- Способност за самостојно носење одлуки и расчистување на проблематични ситуации;
- Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
- Да извршува сложени работни активности во кратки временски рокови, а по потреба со продолжено работно време.
Од кандидатот се очeкува:
- Да ја организира, координира, раководи, контролира и дава иницијативи за унапредување на работата во експозитурата;
- Да се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата каде што е претпоставен;
- Одговара за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна дистрибуција на останатите банкарски производи и услуги;
- Активно учествува во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти и гради продажна и претприемачка култура во експозитурата и придонесува во носењето на квалитетни кредитни одлуки;
- Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
- Одговара за исполнувањето на бизнис целите и финансиските резултати на работењето на експозитурата.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик и мотивационо писмо на jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 05.12.2020 година.
Банки
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје


Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)
Банки
Оглас за вработување во ПроКредит Банка


ПроКредит Банка објавува оглас за вработување на:
Банкарски службеник (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 2 months
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје