Connect with us

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Директор на Дирекција Внатрешна ревизија

Потребни квалификации:

  • Високо стручно образование, Универзитетска диплома на Економски или Правен факултет.
  • Најмалку 3 години работно искуство во областите на внатрешна, надворешна ревизија и/или сметководство и финансии.
  • Кандидататот треба да поседува лиценца за овластен ревизор.
  • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи.
  • Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување.
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.

Одговорност и задачи:

  • Организира и спроведува план за ревизија на сите дирекции и експозитури на Банката.
  • При детектирање на проблем, доставува мерка за корекција.
  • Доставува предлози за подобрување на организацијата на работењето во Банката и предлага измени во интерните акти .
  • Врши следење на постапувањето по дадените препораки од ревизиите и периодично ги известува надлежните органи на Банката.
  • Извештаите од спроведените ревизии ги доставува и комуницира со Управниот одбор, Надзорниот одбор и Одборот за ревизија на Банката.
  • Учествува во изготвувањето на Политиката за внатрешна контрола и внатрешна ревизија на Банката, како и на поединечни методологии и процедури за работа во рамки на Дирекцијата.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 10.01.2020 година.

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со стратегијата, Банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на својот тим, Халкбанк АД Скопје им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Референт во Одделение за сметководство и известување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно