Connect with us

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје!

Ако твојата желба е работа во динамична атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот.

Можеби токму ТИ, си потребен во успешниот тим на УНИБанка!…

Референт во Дирекција Управување со ризици

Потребни квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование – Економски факултет;
  • Работно искуство од најмалку 1 години во финансиски институции;
  • Напредно познавање на Microsoft Office;
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Афинитети за тимска работа.

Основни работни активности:

  • Напредно познавање на прописите и законите кои ја регулираат проблематиката од областа на Дирекцијата;
  • Изработка на дневни, месечни, квартални, полугодишни законски и интерни извештаи;
  • Изработка и измена на постоечки: Политики, Процедури, Методологии, Работни Инструкции и Упатства;
  • Изработка на нови извештаи, нивно тестирање, како и тековно тестирање на посточки извештаи;
  • Изработува извештаи за потребите на одборите на Банката;
  • Изработува дописи за надворешни извештаи;
  • Имплементација на Одлуки од НБРСМ.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 03.03.2023 година.

Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)

Продолжи со читање

Популарно