Connect with us

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на:

Администратор за системски софтвер

Потребни квалификации:

  • VII – 1 степен стручна подготовка – Диплома од универзитетско образование од компјутерски и телекомуникациски технологии

Опис на работно место и одговорности:

  • Инсталирање, конфигурирање и администрирање на MS Windows оперативни системи;
  • Администрирање Active Directory околинана MS Windows Server;
  • Администрирање на MS Exchange server;
  • Администрирање  на Domain Controller;
  • Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина VMware виртуелни платформи;
  • Конфигурирање и администрација на Linux оперативни системи;
  • Конфигурирање на антивирус и антиспам филтри;
  • Администрирање на резервни копии и системи со резервни копии;
  • Следење на сигурност на серверска инфраструктура и превенција од неовластен пристап;
  • Изготвување на детална техничка документација.

Способност:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Тимски дух, позитивен став и однесување;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
  • Добри организациски вештини, личниот интегритет и професионален однос;
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Поседување на возачка дозвола од Б категорија без старател;
  • Познавање на англиски јазик читање и пишување;
  • Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност;
  • Претходно работно искуство како систем администратор VMware, Unix/Linux OS, MSSql, MySQL, Oracle, MS Exchange ќе биде земено како предност.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Заинтересираните кандитати да испратат кратка биографија (CV) на македонски јазик на: jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 15.11.2022 година.

Знаењето на кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде проверено и потврдено преку писмено и усно тестирање.

Со пријавување на огласот ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Контакт-Центарот е современ телекомуникациски систем кој овозможува информации за производите и услугите кои ги нуди УНИБанка и целосна поддршка на клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Популарно