Connect with us

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на позиција:

Раководител на експозитура Пробиштип

Кандидатот потребно е да ги има следните квaлификации:

  • Работно искуство од најмалку 3 години – банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот;
  • Одлично познавање на пазарните прилики во регионот;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Менаџерски и лидерски способности;
  • Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
  • Способност за самостојно носење одлуки и расчистување на проблематични ситуации;
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
  • Да извршува сложени работни активности во кратки временски рокови, а по потреба со продолжено работно време.

Од кандидатот се очeкува:

  • Да ја организира, координира, раководи, контролира и дава иницијативи за унапредување на работата во експозитурата;
  • Да се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата каде што е претпоставен;
  • Одговара за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна дистрибуција на останатите банкарски производи и услуги;
  • Активно учествува во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти и гради продажна и претприемачка култура во експозитурата и придонесува во носењето на квалитетни кредитни одлуки;
  • Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
  • Одговара за исполнувањето на бизнис целите и финансиските резултати на работењето на експозитурата.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 02.10.2019 година.

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје вработува 1 (еден) извршител на позиција Самостоен стручен соработник за проценка на имот и опрема на определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Референт за картично работење. (more…)

Продолжи со читање

Популарно