Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на позиција: Заменик директор на Дирекција Човечки ресурси.
Kвaлификации:
- Завршено високо образованиe;
- Добри познавања во областа на психологијата;
- Претходно работно искуство најмалку 3 години на позиција Менаџер за човечки ресурси или слична раководна позиција;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Возачка дозвола Б категорија.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Менаџерски и лидерски способности;
- Подготвеност за превземање одговорност и иницијатива;
- Активно и проактивно однесување насочено кон остварување на работите;
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
- Комуникациски, организациски и аналитички вештини.
Од кандидатот се очeкува:
- Раководење и организација на процесите од областа на човечките ресурси;
- Изработка на стратегија за управување со човечки ресурси во рамките на компанијата;
- Развој на човечки потенцијал во банката – обука, развој на знаење, вештини и квалитети кои помагаат во развојот на деловната активност во банката;
- Активна поддршка на целокупната проблематика поврзана со човечките ресурси во компанијата;
- Партнерство со други раководители за постигнување деловни цели.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на следната адреса: Сектор за човечки ресурси, УНИБанка АД Скопје, ул. Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 26.08.2019 година.
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)
Банки
Оглас за вработување во ПроКредит Банка


Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте заинтересирани за нови предизвици во динамична меѓународна и мултикултурна средина (more…)
Банки
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје


Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје