Connect with us

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка!

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје објавува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

Соработник во Одделот за лоши пласмани и преземени средства

П Р О Ц Е Н У В А Ч

(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)

   Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):

  • Минимум високо стручно образование
  • Лиценца за процена на недвижен имот (поседување и на лиценца за процена на машини и опрема ќе се смета за предност)
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери
  • Аналитичност, иницијативност, самостојност,ажурност, навременост
  • Способност за тимска работа
  • Комуникациски и организациски вештини
  • Способност за идентификација на проблеми
  • Професионално однесување
  • Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола „Б“ категорија

    Краток опис на работното место:

  • Вршење анализа и давање мислење за доставена процена што се предлага како обезбедување на барања за одобрување кредитни изложености
  • Процени и репроцени на имот и средства како обезбедување за постојни кредитни изложености
  • Вршење анализа и давање мислење за процени на имот и средства што се предмет на преземање од страна на Банката заради наплата на побарувања како и репроцена на имот и средства преземени заради наплата на побарувања.

Работно време: 40-часовно неделно работно време од понеделник до петок од 8:00 до 16:00 часот.

Локација на работното место: Скопје, Централа на Банката.

Загарантирана почетна нето плата: Минимална: 25.000,00 денари. Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат.

Останати информации:

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо, копија од уверение за завршено образование и копија од лиценца за процена, најдоцна до 16.12.2018 година, со назнака: „Апликација за проценувач“ на следната адреса за е-пошта: kariera@ttk.com.mk или во печатена копија на адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. „Народен Фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје. 

Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од вработување на 4 лица за позиција Референт на благајна за Скопје: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange