Connect with us

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

Благајник во филијала Скопје

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование од областа на економијата и финансиите, правни науки, организациски науки и управување (менаџмент)
  • Работно искуство во банка или финансиска институција ќе се смета за предност
  • Ориентираност кон клиенти
  • Комуникациски и организациски вештини
  • Способност за тимска работа
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери

Краток опис на работно место:

  • Благајничко работење и работење во платниот промет согласно упатствата и законската регулатива
  • Безготовински платен промет во земјата и во странство
  • Готовински уплати и исплати
  • Брз трансфер на пари
  • Менувачки работи
  • Трезорско работење
  • Отворање, сервисирање и затворање на трансакциски сметки
  • Продажба и сервисирање на депозитни производи на банката
  • Продажба и сервисирање дебитни и кредитни картички
  • Трајни налози
  • Продажба на сервисот Електронско банкарство

Работно време:

40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на  Филијалата (понеделник – петок 08:00-17:00 и сабота 09:00-13:00).

Локација на работното место:

Експозитура во рамки на филијала Скопје

Останати информации:

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 06.02.2022 година (недела), со назнака: „Апликација за благајник во Скопје “ на следната е-маил адреса: kariera@ttk.com.mk.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде  45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка-партнер за малите и средните претпријатија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање


Популарно