Connect with us

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

БРОКЕР

(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)

Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата): 

  • Завршено високо образование од областа на економијата, финансиите или деловното право;
  • Дозвола за работа на брокер (предност е поседување и  дозвола за работа за инвестиционен советник.  Работно искуство во струката исто така ќе се смета за предност;
  • Познавање на законска и подзаконска регулатива од областа на работа со хартии од вредност;
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери;
  • Аналитичност, иницијативност, самостојност,  ажурност, навременост
  • Способност за тимска работа
  • Комуникациски и организациски вештини,
  • Способност за идентификација на проблеми
  • Професионално однесување
  • Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола Б категорија

Краток опис на работно место:

  • Тргување со хартии од вредност по налог и за сметка на клиенти и по налог и за сметка на Банката;
  • Работење со апликацијата на ЦДХВ – резервирање на хартии од вредност и вршење на нетрговски трансфер;
  • Анализа на финансискиот пазар и потенцијалните клиенти;

Работно време: 

40 часовно неделно работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Локација на работното место:

Скопје, Централа на Банката

Загарантирана почетна нето плата:

Минимална: 25.000,00 денари

Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат

Останати информации:

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде  45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо, копија од уверение за завршено образование и копија од дозвола за работа на брокер и/или копија од дозвола за работење за инвестиционен советник, најдоцна до 15.01.2021 година, со назнака: „Апликација за Брокер“на следната електронска адреса:kariera@ttk.com.mk или во тврда копија на адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул.Народен Фронт 19а, 1000 Скопје.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Банки

Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

Објавено

на

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а во согласност со членовите 14 став 2, 22 став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7 и 23 став 2 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Северна Македонија распишува

ОГЛАС
за вработување 4 извршители во Народната банка на Република Северна Македонија,
на определено време
(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Раководител на Експозитура – Крушево (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје објавува оглас за вработување на Референт во Служба за кредитна анализа и оценка на големи корпоративни клиенти и МСП во експозитура Тетово. (more…)

Продолжи со читање


Популарно