Connect with us

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје објавува оглас за вработување на Соработник за клиенти – население во eкспозитура Кичево.

Потребни квалификации и способности:

  • Високо стручно образование од областа на економијата;
  • Работно искуство во банка и познавање албански јазик ќе се сметаат за предност;
  • Продажни и промотивни вештини;
  • Ориентираност кон клиенти;
  • Комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола „Б“ категорија;
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери.

Краток опис на работно место:

  • Планирање, организирање и превземање активности поврзани со продажба на производи и услуги на клиенти – физички лица;
  • Посета на клиенти заради промоција и продажба на производите и услугите на Банката;
  • Подготовка и разгледување предлози за одобрување на кредитните барања и достава на барања на кредити за физичките лица кон погорните нивоа на одлучување;
  • Следење, контрола и организирање наплатата на сите достасани обврски од клиентите – физички лица.

Работно време:

  • 40-часовно неделно работно време распоредено во рамките на работното време на експозитурата.

Останати информации:

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование како и копија од други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 20.11.2020 година, со назнака: „Апликација за Соработник за клиенти – население во експозитура Кичево“ на следната адреса за е-пошта: kariera@ttk.com.mk.

Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)

Продолжи со читање

Популарно