Connect with us

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

БРОКЕР

(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)

Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата): 

  • Завршено високо образование од областа на економијата, финансиите или деловното право;
  • Дозвола за работа на брокер, (предност е поседување и дозвола за работење за инвестиционен советник); работно искуство во струката ќе се смета за предност;
  • Познавање на законска и подзаконска регулатива од областа на работа со хартии од вредност;
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери;
  • Аналитичност, иницијативност, самостојност,  ажурност, навременост;
  • Способност за тимска работа
  • Комуникациски и организациски вештини,
  • Способност за идентификација на проблеми
  • Професионално однесување
  • Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола Б категорија

Краток опис на работно место:

  • Тргување со хартии од вредност по налог и за сметка на клиенти и по налог и за сметка на Банката
  • Работење со апликацијата на ЦДХВ – резервирање на хартии од вредност и вршење на нетрговски трансфер
  • Анализа на финансискиот пазар и потенцијалните клиенти

Работно време: 40 часовно неделно работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Локација на работното место:

  • Скопје, Централа на Банката

Загарантирана почетна нето плата: 

Минимална: 30.000,00 денари

Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат.

Останати информации:

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде  45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо, копија од уверение за завршено образование и копија од дозвола за работа на брокер и/или копија од дозвола за работење за инвестиционен советник, најдоцна до 20.05.2020 година, со назнака: „Апликација за Брокер“ на следната електронска адреса: kariera@ttk.com.mk или во писмена форма во тврда копија  на адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул.„Народен фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Банки

Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје вработува 1 (еден) извршител на позиција Самостоен стручен соработник за проценка на имот и опрема на определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Референт за картично работење. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје вработува 4 (четири) извршители на позиција – Помлад соработник – благајник во Скопје, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно