Connect with us

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка-партнер за малите и средните претпријатија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство.

Банката има моментална потреба за вработување на ново лице на работна позиција во рамки на Дирекцијата деловна мрежакое ќе цели кон усовршување на благајничките операции, грижа на клиенти и промовирање на производите и услугите кои ги нуди Банката. Од тие причини, ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на

Благајник во Експозитура Дебар

(1 извршител на определено време со можност за продолжување)

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено високо образование од областа на економијата или финансиите;
  • Без работно искуство (работно искуство во банка или финансиска институција ќе се смета за предност);
  • Ориентираност кон клиенти и промоција на услугите на Банката;
  • Аналитичност, прецизност и организациски вештини;
  • Комуникациски вештини и способност за тимска работа;
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за добредојдено;
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери;
  • Извршување на работните активности согласно законската и интерната регуалтива;
  • Висок степен на чесност, етичност и доверливост.

Краток опис на работно место:

  • Отварање и останати активности со денарски и девизни трансакциски сметки на физички лица – резиденти и нерезиденти;
  • Отворање и останати активности со  денарски и девизни трансакциски сметки на правни лица –  резиденти и нерезиденти;
  • Безготовински и готовински трансакции во домашен платен промет;
  • Обработка на налози за плати;
  • Останати активности во областа на платниот промет во земјата;
  • Реализација на готовински и безготовински  налози од областа на девизниот платен промет;
  • Наплата на провизии;
  • Сите активности во врска со депозити на физички и правни  лица;
  • Промоција и продажба на производите и услугите на Банката;
  • Сите активности во врска со платежни картички;
  • Уплати, исплати и останати активности  околу брз трансфер на пари;
  • Сите активности околу електронско банкарство на правни и физички лица;
  • Сите активности во врска со менувачко работење;
  • Останати услуги во банкарското работење.

Банката нуди:

  • Почетната нето плата може се движи од 20.000 до 25.000 денари во зависност од квалификациите на кандидатот;
  • Предизвици, флексибилност, интересна и динамична работа;
  • Можности за кариерен развој во банкарските операции и активности;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Систем за наградување на вработените;
  • Размена на знаење, дополнителни обуки, остварување резултати;
  • Можност за личен и професионален развој.

Работно време:

40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Експозитурата

Локација на работното место:

Експозитура Дебар

Останати информации:

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 20.04.2022 година (среда), со назнака: „Апликација за благајник во Експозитура Дебар“ на следната е-маил адреса: kariera@ttk.com.mk.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде  45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Напомена:

Доставените апликации ќе се третираат како строго доверливи согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од една година.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање


Популарно