Connect with us

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО

Соработник во Оддел за позадински обработки на платен промет, средства и ликвидност
(1 извршител со договор на определено време со можност за продолжување)

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование од областа на економските науки, електротехнички науки организациски науки и управување (менаџмент)
  • Работно искуство во банка или финансиска институција ќе се смета за предност
  • Организациски и аналитички способности
  • Комуникациски вештини
  • Способност за тимска работа
  • Способност за идентификација на проблеми
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери

Краток опис на работно место:

  • Реализација на налози во денарски платен промет, контрола на реализација на интерни налози и налози кои се реализираат преку КИБС и МИПС
  • Преземање, внесување и измена на курсна листа
  • Пресметка на дневни/месечни провизии  за правни лица од трансакции во денарски платен промет
  • Администрирање на решенија за присилна наплата (прием, внес, контрола и извршување) и постапување по добиени стечајни решенија
  • Креирање на SWIFT пораки за плаќања со ностро дознаки
  • Контрола и креирање на SWIFT пораки за меѓубанкарски трансфери и тргувања со девизни средства (арбитражи)
  • Изготвување на акредитиви  и девизни гаранции
  • Истраги и решавање на спорни ситуации поврзани со платниот промет со странство
  • Администрирање на трансакции од девизeн платен промет
  • Администрирање на депозити и кредитни линии од Банки и финансиски институции
  • Администрирање на трансакции од примарен и секундарен пазар на хартии од вредност (државни записи, државни обврзници и благајнички записи) и администрирање на сопственички хартии од вредност-акции

Работно време:

40 часовно неделно работно време (понеделник – петок 08:00-16:00)

Локација на работното место:

Централа Скопје

Останати информации:

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 06.02.2022 година (недела), со назнака: „Апликација за соработник во Оддел за позадински обработки“ на следната е-маил адреса: kariera@ttk.com.mk.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)

Продолжи со читање

Популарно