Connect with us

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.

Банката има тековна потреба за вработување во Одделот за маркетинг при Дирекцијата за маркетинг и развој на производи, каде што се изработуваат анализи и се следат маркетинг трендовите и активностите што се актуелни за Банката. За таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
Самостоен соработник во Оддел за маркетинг
(1 извршител)

Потребни квалификации и способности:

  • ВСС / Економски науки (Економски факултет во областа на маркетинг ќе се смета за предност);
  • Работно искуство над 2 години во иста или слична област;
  • Активно познавање на MS Office (познавање останати веб-технологии, апликации и платформи за графички дизајн ќе се смета за предност);
  • Искуство во работа со CMS како и познавање HTML ќе се смета за предност;
  • Познавање англиски јазик;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за креативно изразување;
  • Способност за тимска работа;
  • Возачка дозвола Б-категорија.

Краток опис на работно место:

  • Истражување на пазарот на банкарски производи и услуги;
  • Подготовка и спроведување маркетинг планови и активности во согласност со дефинираните цели и стратегија;
  • Соработка со маркетинг и клипинг агенции, со медиуми, со добавувачи и сл.;
  • Креирање и уредување содржини на веб-страницата на Банката;
  • Креирање промотивни материјали за производното портфолио;
  • Спроведување активности за реализација на спонзорства и донации (општествено одговорни активности);
  • Учество во организација и во спроведување активности за претставување на Банката на настани.

Банката нуди:

  • Континуирана обука и можност за професионален развој;
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
  • Динамична организациска култура во која се почитува иницијативноста, креативноста, придонесот и тимскиот дух.

Работно време:

40-часовно неделно работно време од понеделник до петок, од 8:00 до 16:00 часот.

Локација на работното место:

 Централа Скопје

Останати информации:

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 5.10.2022 година (среда), со назнака: „Апликација за Самостоен соработник во Оддел за маркетинг“ на следната адреса за е-пошта: kariera@ttk.com.mk или преку веб-страницата на Банката, www.ttk.com.mk во полето „Вработување“.

Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Напомена:

Со доставувањето на Вашата апликација за работа се согласувате Вашите лични податоци наведени во апликацијата да бидат предмет на обработка од страна на Банката, за потребите на процесот на селекција на кандидати за цело времетраење на процесот, а по завршувањето на истиот, податоците може да се чуваат во базата на кандидати во Банката, во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Оваа согласност може да ја повлечете во секое време со доставување барање за истото на адресата за е-пошта: kariera@ttk.com.mk.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД – Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно