Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Триглав осигурување Живот АД Скопје

Објавено

на

Триглав осигурување Живот АД Скопје објавува оглас за пополнување на 2 (две) работни места:

РЕГИОНАЛЕН СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ЗА ШТИП И СТРУМИЦА

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

  • Високо или средно образование од економска или сродна област;
  • Познавање на работа во Microsoft Office;
  • Одлични комуникациски, организациски и презентациски вештини;
  • Амбициозност и желба за учење;
  • Самоиницијативност, проактивност, одговорност и насоченост кон остварување на продажни резултати;
  • Дозвола за управување на моторно возило од Б категорија.

УСЛОВИ:

  • Работа од дома (присуство во Дирекција 1 неделно)
  • Фиксна плата + варијабилен ден (процент од секоја реализирана продажба)
  • Континуирано посетување на обуки;
  • Можност за напредување и кариерен раст согласно работната успешност;
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време-неделно работно време е 40 часа;

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • Одржување продажни состаноци и реализација на план на продажба
  • Склучување на договори за животно осигурување

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
-биографија (CV)
-мотивационо писмо

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 21.09.2022 година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр.18 кат 2, 1000 Скопје или на е-mail адреса: hr@triglavzivot.mk.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, сè додека не ја повлечете Вашата согласност.

Доколку Вашите квалификации одговараат на потребите на компанијата, ќе бидете повикани на разговор.

Компании

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Објавено

на

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)

Продолжи со читање

Компании

ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Објавено

на

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно