Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ АД. СКОПЈЕ

Објавено

на

Триглав осигурување Живот АД Скопје објавува оглас за пополнување на 1 (едно) работно место:

МЕНАЏЕР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО НАДВОРЕШНИ КАНАЛИ – БРОКЕРИ И БАНКИ

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Релевантно искуство од најмалку 2 години во продажба или на позиција со слично работно искуство;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word);
  • Возачка дозвола од Б категорија;
  • Комуникациски и организациски способности;
  • Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост;
  • Висока мотивираност и желба за надградба.

КОМПАНИЈАТА НУДИ:

  • Корпоративна обука во согласност со најдобрите практики од оваа област,
  • Договор за вработување,
  • Службен телефон,
  • Можност за брзо напредување во рамките на компанијата.

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • Следење и контрола на работата и продажбата преку надворешните канали – Брокерите и Банките;
  • Координирање и поттикнување на продажбата на полиси преку надворешните продажни канали – Брокери и Банки;
  • Менторство и поддршка во продажниот процес и работата со надворешните продажни канали – Брокери и Банки;
  • Одржување на обуки и менторирање на Брокерите и Банкарите;
  • Доставување на информации за промотивни активности, предности на производи;
  • Управување со портфолиото на склучени полиси преку надворешните продажни канали – Брокерите и Банките.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
-биографија (CV)
-мотивационо писмо

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 17.04.2022 година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр.18 кат 2, 1000 Скопје или на е-mail адреса: hr@triglavzivot.mk.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, сè додека не ја повлечете Вашата согласност.

Доколку Вашите квалификации одговараат на потребите на компанијата, ќе бидете повикани на разговор.

Компании

Претставување на словенечките работодавачи во Скопје

Објавено

на

Во соработка со Амбасадата на РС во Скопје, на 7 и 8 јуни, од 10 до 17 часот организираме претставување на словенечките работодавачи во Скопје (хотел Хилтон) и во Битола (Културно-информативен центар – Офицерски дом). Миграцијата на работната сила станува се повеќе дел од нашето секојдневие. Прогнозите велат дека бројот на странски работници ќе продолжи да расте и во иднина. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав

Објавено

на

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)

Продолжи со читање

Популарно