Компании
Оглас за вработување во Триглав осигурување АД Скопје

Триглав Осигурување АД, Скопје објавува оглас за вработување на:
Проектант аналитичар
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Ги анализира барањата на корисниците за промена на апликативното решение, учествува во дефинирање на барањата за промена, учествува во тестирањето и имплементацијата на промените;
- Координира и прецизира барања, ја следи реализацијата на програмските модули за кои е задолжен;
- Учествува во изработка на технологии на работењето и креирање на технолошки процеси и процедури со цел автоматизација на процесите и адекватни апликативни програмски решенија;
- Разработува деловни барања за поединечните делови на ИС;
- Советување и поддршка на корисници при развој и употреба на програмски решенија;
- Изработува техничка и корисничка документација врзана за работата на апликативната програмска опрема;
- Учествува во проектни и работни групи во врска со имплементација на проекти во Друштвото и на ниво на цела Групација Триглав;
- Го следи развојот на подрачјето на работа и постојано стручно се надградува.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:
- Напредно познавање на Т-SQL I администрација SQL Server;
- Напредно познавање и искуство во работа со (C#, .NET)
- Искуство во имплементација на проекти;
- Познавање на англиски јазик;
- Самоиницијативност, посветеност, прецизност, проактивност, одговорност;
- Високо образование од информатичка или друга соодветнa насока.
КОМПАНИЈАТА НУДИ:
- Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
- Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;
- Соработка на проекти во меѓународна околина;
- Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето во земјата и странство;
- Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.
Кратка биографија (CV), мотивациско писмо и останати документи (потврди, сертификати и стекнати лиценци) може да испратите на e-mail: vrabotuvanje@triglav.mk.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на интервју.
Компании
ЕОС Груп истражување: Инфлацијата и енергетската криза создадоа загриженост за финансиската иднина кај граѓаните во Европа

Околу 47% од потрошувачите во Европската Унија и земјите од Југоисточна Европа се загрижени за својата финансиска иднина, покажува истражувањето на потрошувачите што го спроведе Групацијата ЕОС („EOС Group“). Истражувањето е спроведено во првата половина од 2023 година во земјите членки на Европската Унија, Швајцарија и земјите од Југоисточна Европа. Главни причини за ваквиот тренд се високата инфлација која ги зголеми трошоците за живот и енергетската криза, која минатата година донесе историски највисок раст на цените. Најмногу како резултат на овие два фактора, 53% од испитаниците одговориле дека станале повеќе ценовно чувствителни, а 44% од нив купувале производи на распродажба, односно со пониски цени, додека 33% избегнувале непотребни трошоци и ја намалиле личната потрошувачка. (more…)
Компании
Групацијата Иуте ги објавува неревидираните резултати за првата половина од 2023 година

Иуте групацијата со седиште во Талин-Естонија, водечка европска групација за лични финансии, неодамна од Иутекредит се ребрендираше во Иуте, посочувајќи дека отсега па натаму обемот на работа и услуги на пазарот оди надвор од рамките на кредитирање и ќе вклучува услуги за плаќање, банкарство и осигурување. (more…)
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии,
Штедилница Можности вработува: (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје