Компании
Оглас за вработување во Триглав осигурување Живот АД Скопје

Триглав осигурување Живот АД Скопје објавува оглас за пополнување на 1 (една) работна позиција:
КООРДИНАТОР ЗА БРОКЕРСКА И АГЕНЦИСКА ПРОДАЖБА
1 (една) работна позиција
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Релевантно искуство од најмалку 2 години во продажба или на позиција со слично работно искуство;
- Одлично познавање на Англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office (Excel, Word);
- Возачка дозвола од Б категорија;
- Комуникациски и организациски способности;
- Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост;
- Висока мотивираност и желба за надградба.
КОМПАНИЈАТА НУДИ:
- Корпоративна обука во согласност со најдобрите практики од оваа област,
- Договор за вработување,
- Службен телефон,
- Можност за брзо напредување во рамките на компанијата.
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
- Следење и контрола на работата и продажбата преку Брокерски Друштва;
- Координирање и поттикнување на продажбата на полиси преку Брокерски Друштва;
- Менторство и поддршка во продажниот процес и работата со Брокерски Друштва;
- Одржување на обуки и менторирање на Брокерите;
- Доставување на информации за промотивни активности, предности на производи;
- Управување со портфолиото на склучени полиси преку Брокерски Друштва.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
-биографија (CV)
-мотивационо писмо
Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 07.04.2023 година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр.18 кат 2, 1000 Скопје или на е-mail адреса: hr@triglavzivot.mk со назнака на позицијата за која се аплицира.
Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, сè додека не ja контактирате компанијата за да ја повлечете вашата согласност.
Доколку Вашите квалификации одговараат на потребите на компанијата, ќе бидете повикани на разговор.
Компании
Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)
Компании
АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)
Компании
ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот