Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Компанијата нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од млади и амбициозни професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, потребни им се ведри и вредни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:

Специјалист за грижа на корисници во подружница Велес

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.

Позицијата вклучува:

  • Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
  • Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
  • Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
  • Анализа на ризик и одобрување на кредити
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата
  • Работа со готовина
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на центар за грижа на корисници

Профил на кандидат:

  • Релевантно искуство од најмалку 1 година
  • Познавање на англиски јазик
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Флексибилност за работа од понеделник до сабота
  • Можност за обука во Скопје во времетраење од две недели

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@tigo.mk.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Компании

Измени во органите на управување и раководење на Кроациа осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје

Објавено

на

Кроациа осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Македонските граѓани повторно ќе летаат со Виз ер – компанијата отвори седум рути од Македонија кон четири држави во Европа

Објавено

на

Нискобуџетната авиокомпанија „Wizz Air” денеска објави  дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23-ти мај. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во EOS Матрих

Објавено

на

ЕОЅ Матрих е дел од EOS групацијата, успешен меѓународен лидер кој нуди специјализирани и индивидуални финансиски решенија со секојдневен напредок во работата благодарение на 7500-те вработени ширум светот. ЕОЅ Матрих работи за свет без долгови и нуди одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување, можност за професионален и личен развој. (more…)

Продолжи со читање


Популарно