Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ.

Поради брзиот раст на компанијата, потребни им се амбициозни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:

Помлад Сметководител

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија.

Позицијата вклучува:

  • Прием на сметководствени документи
  • Книжење на влезна и излезна документација и дневна контрола на книжењата
  • Книжење на денарски и девизни изводи
  • Подготовка на дневни извештаи за состојба на готовина
  • Подготвување на извештаи и поднесоци до институции
  • Асистенција во процесот за затворање на месечна сметководствена евиденција

На оваа позиција вработениот одговара пред директорот на финансии и сметководство.

Профил на кандидат:

  • ВСС – економски факултет
  • Минимум 1 година работно искуство во областа сметководство и финансии
  • Познавање на сметководствените принципи и воспоставена пракса
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Одлични организациски способности
  • Способност за работа во динамично опкружување
  • Комуникативност и доверливост
  • Аналитичко размислување и работа со голем обем на информации

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@tigo.mk, најдоцна до 23

ТИГО Фајнанс обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, религија или убедување.

Компании

Македонски Телеком оствари позитивен финансиски резултат во првата половина на 2022 година

Објавено

на

Според резултатите од работењето на компанијата во првата половина од 2022 година, Македонски Телеком и понатаму продолжува со раст и позитивни резултати и ја потврдува лидерска позиција на пазарот во повеќето сегменти. Приходите од продажбата се зголемени за 8,9 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 5,9 милијарди денари. Oперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 1,3 проценти во споредба со истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

ВФП АД Скопје оствари добивка од 33,7 милиони денари во 2021 година

Објавено

на

ВФП АД Скопје преку Македонска Берза објави финансиски податоци и податоци за дивидендатa за периодот 01.01.-31.12.2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Андријана Поповска именувана за извршен член на Одборот на директори на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

Објавено

на

На 155-та седница на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија што се одржа на 21 јули 2022 година, КХВ даде согласност за именување на Андријана Поповска за извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање


Популарно