Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на приватни лица на наједноставен и најбрз начин.

Дали и вас ви е важно постојано да ги подобрувате вашите професионални вештини, напредувањето во кариерата и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот? Со ТИГО Фајнанс, можете да ги живеете секој ден сите овие вредности.

Тимот на ТИГО Фајнанс се најголемата вредност на компанијата и тие го прават Тиго неверојатно место за учење, работа и создавање на иднината.

Поради брзиот раст на компанијата, ТИГО Фајнанс нуди одлична можност за вработување на позицијата:

ОФИС АСИСТЕНТ

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен и флексибилен. Поседува одлични организациони и комуникациски способности. Внимава на детали, може да работи паралелно две работи и одлично менаџира со времето.

Позицијата вклучува: 

  • Спроведување и водење посебна грижа за усогласеноста на работата на друштвото согласно Законот за архивски материјал и познавање на архивско работење;
  • Води евиденција, архивира, скенира и спроведува дописи, фактури, договори и останат вид на документи кои произлегуваат од секојдневното работење;
  • Води општи административни работи, врши прием и испраќање на поштенски пратки;
  • Врши прием и спроведување на странки во главното седиште на Друштвото;
  • Води евиденција, набавува и контролира нарачки на канцелариски, хигиенски и останати материјали за потребите на вработените во сите подружници на друштвото (работните простории, кујни, тоалети);
  • Се грижи за непречено извршување на сите административни активности и комуникација со добавувачите;
  • Дава поддршка во интеграцијата на новите вработени во организацијата на Друштвото;
  • Работи под надзор на Асистент на Извршен Директор;

Профил на кандидат: 

  • Искуство на иста позиција се смета за предност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Одлични организациони способности
  • Внимание на детали
  • Професионалност и почитување на бизнис култура
  • Флексибилност за извршување на работните задачи во динамична средина

Услови од компанијата: 

  • Работно време понеделник до петок 08.00-16.00 часот
  • Редовна фиксна плата
  • Современи работни услови во брзорастечка компанија
  • Пристап до напредна технологија
  • Позитивна енергија и пријатна работна средина
  • Тимска работа и хармонија

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@tigo.mk.

Компанијата е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Со аплицирање на овој профил, вашата апликација ќе стане дел од базата на потенцијални кандидати на компанијата.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Компании

Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

ОФИЦЕР ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

АНАЛИТИЧАР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Финтек компанијата Paynetics ги презема ограноците на WireCard во Велика Британија и Ирска

Објавено

на

Бугарската финтек компанијата „Paynetics” објави во петокот дека преку своето работење во Велика Британија, се стекнала со портфолиото на корпоративната платежна картичка што е дел од деловната германска „WireCard” во Велика Британија и Ирска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно