Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е водечко финансиско друштво во мисија да го зајакне присуството на пазарот и воедно да ја задржи улогата на иновативна, fintech компанија. Промовираме бизнис етика, нудиме know-how од вистински професионалци.

Нашите амбиции за 2019 година се предизвикувачки, а поради тоа отвораме можност за вработување на докажан и посветен Менаџер за развој на мрежа на подружници, кој е спремен да препознае прилика, да работи неуморно и да биде целосно одговорен за одделот за експанзија. Одлично организиран, ориентиран кон детали, како и спремен за работа под притисок.

Менаџер за развој на мрежа на подружници

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, притоа имајќи позитивен став со цел градење на успешна компанија.

 Позицијата вклучува:

  • Изготвување на стратегија за проширување мрежа на подружници согласно податоци кои ќе бидат дадени на располагање (логистика, гео-позиција, маркетинг)
  • Самостојно барање на терен и избор на локации за нови подружници
  • Планирање на внатрешно и надворешно уредување на подружницата (вклучително мебел, осветлување, систем за греење/ладење, рекламен материјал, инсталација и слично)
  • Прибирање понуди од изведувачи и преговарање за услови
  • Организација и надзор за време на изведба, како и контрола на квалитет
  • Секојдневно одржување на подружници преку креирање база на соработници за разни потреби
  • Често патување во други градови надвор од Скопје
  • Соработка со менаџментот на секое ниво со цел утврдување потреби за нови подружници

 Профил на кандидат:

  • Завршено соодветно образование (Архитектонски факултет/Градежен факултет ќе се смета за предност)
  • Изработка на скица и предмер пресметка за внатрешно уредување ќе се смета за предност
  • Релевантно искуство од најмалку 2 години
  • Искуство во проектирање и внатрешен дизајн
  • Предност имаат кандидати со искуство од банки, осигурителни компании, обложувалници, казина, телекомуникациски сектор, ланци на маркети
  • Преговарачки вештини
  • Задолжително познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

 Мотивација:

  • Компетитивна фиксна плата + бонус
  • Дополнителен финансиски пакет со годишни бонуси
  • Лап топ, службен телефон
  • Службено возило на располагање
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сте спремни за нов предизвик, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Брза Апликација.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 6 месеца од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Компании

Оглас за вработување во Пивара Скопје

Објавено

на

Пивара Скопје за своите потреби објавува оглас за вработување на комерцијалист во Кичево.

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности како за личен така и за кариерен развој. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Медиа Хаус

Објавено

на

Медиа хаус маркетинг и комуникации објавува оглас за вработување за следните позиции: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Пивара Скопје

Објавено

на

Пивара Скопје отвори оглас за вработување на Трејд маркетинг менаџер за канал на продажба, работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange