Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

 

Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ.

Поради брзиот раст на компанијата, потребни им се ведри и амбициозни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:

Специјалист за грижа на корисници во подружница Скопје 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.

Позицијата вклучува:

  • Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
  • Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
  • Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
  • Анализа на ризик и одобрување на кредити
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата
  • Работа со готовина
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на центар за грижа на корисници

Профил на кандидат:

  • Релевантно искуство од најмалку 1 година
  • Познавање на англиски јазик
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Флексибилност за работа од понеделник до недела
  • Можност за обука во Скопје во времетраење од две недели

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@tigo.mk.

Компанијата е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Со аплицирање на овој профил, вашата апликација ќе стане дел од базата на потенцијални кандидати на компанијата.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Tigo Finance is a leading fintech company in the region, providing a scope of financial services, including payday and consumer loans. Based on the proven experience and achievements in the industry with headquarters in Skopje the company aims to offer microfinance services to private inpiduals with the simplest, quickest and most convenient borrowing process for the customer.  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во СН Осигурителен брокер АД Битола

Објавено

на

Бидете дел од најбрзорастечко брокерско друштво во секторот на осигурување – СН Осигурителен брокер АД Битола. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Tigo Finance is a leading fintech company in the region, providing a scope of financial services, including payday and consumer loans. Based on the proven experience and achievements in the industry with headquarters in Skopje the company aims to offer microfinance services to private inpiduals with the simplest, quickest and most convenient borrowing process for the customer.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно