Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на приватни лица на наједноставен и најбрз начин.

Дали и вас ви е важно постојано да ги подобрувате вашите професионални вештини, напредувањето во кариерата и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот? Со ТИГО Фајнанс, можете да ги живеете секој ден сите овие вредности.

Тимот на ТИГО Фајнанс се најголемата вредност на компанијата и тие го прават Тиго неверојатно место за учење, работа и создавање на иднината.

Поради брзиот раст на компанијата, ТИГО Фајнанс нуди одлична можност за вработување на позицијата:

Специјалист за наплата

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон корисниците.

Позицијата вклучува:

  • Патување и посета на клиенти кои доцнат со плаќање
  • Информирање за достапните опции за избегнување на зголемување на долгови
  • Одлична просторна ориентација во населени места
  • Управување со сопствен обем на работа и приоретизирање врз основа на географската област за да се обезбеди продуктивност
  • Одлична комуникација со клиенти
  • Работа согласно процедури за редовна наплата
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер за наплата на побарувања

Профил на кандидат:

  • Искуство во наплата се смета за предност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Професионалност и почитување на приватноста и податоците на клиентите
  • Флексибилност за извршување на работните задачи во сите општини во РМ
  • Возачка дозвола Б категорија

Услови од компанијата:

  • Работно време понеделник до петок 08.00-16.00 часот
  • Современа и најнова технологија
  • Атрактивен пакет на бонуси
  • Велнес програми и придобивки од попусти
  • Дополнително колективно осигурување
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
  • Службено возило

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@tigo.mk.

Компанијата е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Со аплицирање на овој профил, вашата апликација ќе стане дел од базата на потенцијални кандидати на компанијата.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Компании

Оглас за вработување во Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис)

Објавено

на

Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финасиско друштво Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување

Објавено

на

Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување, со седиште на Ул.Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 02.06.2020 година објавува оглас за пополнување на следната работна позиција:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРЕМИСКО КНИГОВОДСТВО

(more…)

Продолжи со читање

Популарно