Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

ТИГО Фајнанс е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Компанијата нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, компанијата повикува амбициозни лица да аплицираат на позицијата:

Специјалист за грижа на корисници во контакт центар

Live Chat Agent

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон корисниците.

Позицијата вклучува:

  • Разговор на chat со потенцијални и постоечки клиенти
  • Продажба на наши производи преку chat
  • Одговарање на прашања упатени на FB, Instagram, email и останати социјални медиуми
  • Следење на потенцијални заинтересирани клиенти и телефонска продажба
  • Развој и воведување на нови функционалности
  • Следење на извештаи

Профил на кандидат:

  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Искуство во делот за поддршка на клиенти
  • Познавање во финтек индустријата е пожелно
  • Работа со табели во Google Drive
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Исклучително високо ниво на граматичко познавање на македонскиот јазик и способност за добро изразување
  • Брзина во пишана комуникација
  • Флексибилност за работа во две смени
  • Способност за решавање на комплексни ситуации

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на vrabotuvanje@tigo.mk.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

ТИГО ФАЈНАНС обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, религија или убедување.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ТИГО Фајнанс во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност, професионалност и транспарентност во работењето, има потреба од вработување на едно лице – стручен соработник за продажба за регионот Битола. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Македонски Телеком до крајот на тековниот месец ќе исплати дивидендатa од 21,6 милиони евра

Објавено

на

Акционерите на Македонски Телеком АД – Скопје на 28-ми овој месец ќе ја добијат дивидендата за 2019 година, информира  компанијата преку  Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Популарно