Банки
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска Банка АД – Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција:
Кредитен референт
во Сектор за изготвување кредитни предлози
(3 работни позиции)
Кредитниот референт е одговорен за навремено и квалитетно изготвување, поднесување и презентирање на кредитни предлози за постојни и нови компании до соодветните Кредитни одбори на банката, континуирано следење на кредитната способност, исполнување на договорните услови, а по потреба и директна комуникација со компаниите од сопственото кредитно портфолио. Навремено реагирање и известување до претпоставените и до соодветниот советник за корпоративно банкарство надлежен за директна комуникација со клиентите, во случај на идентификување негативни сигнали кај компаниите, што би можело да го зголемат кредитиот ризик за банката, редовно следење на наплатата на достасаните побарувања од компаниите од своето портфолио, во соработка со советникот за корпоративно банкарство од Секторот за корпоративно банкарство и други активности поврзани со одржување на квалитетот и квантитетот на кредитното портфолио.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Високо образование (студии по Економија или друга сродна област);
- Предходно работно искуство во областа на изготвување на кредитни предлози ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
- Задоволително владеење на Microsoft Office пакет;
- Генерални познавања на Финансиски извештаи на компаниите (Биланс на успех и Биланс на состојба).
Лични карактеристики:
- Одговорна, креативна и комуникативна личност;
- Подготвеност за работа под притисок и извршување на повеќе задачи во кратки временски рокови;
- Желба и капацитет за брзо учење;
- Прецизност и eлоквентност со рационален и едноставен пристап кон работите;
- Висок личен интегритет и професионален однос кон работата.
Зошто да ја изберете Стопанска банка АД – Скопје:
- Конкурентна плата;
- Приватно здравствено осигурување;
- Можност за брзо постигнување високо ниво на усовршеност во областа на кредитна анализа
Стопанска банка АД – Скопје е најстарата банка во земјата и лидер во банкарскиот сектор, која придонесува во одржување на стабилен банкарски ситем години наназад. Банката е дел од НБГ Групацијата од 2000-та година и благодарение на професионалноста на вработените и усвоените европски принципи на работа со години е најпрофитабилна и најуспешна банка во земјата.
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, со почеток од 08.00ч – 09.00ч до 16.00ч – 17.00ч
Заинтересираните кандидати потребно е да ја пополнат online апликација на веб страницата на Банката или своето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го испратат најдоцна до 12.10.2022 година, на e-mail: human.resources@stb.com.mk, со назнака дека аплицирате за “Оглас – Кредитен референт“.
Лица за контакт, Даниела Радевска и Дијана Милошовска Стојчевска на 02/3295-277.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Платена практикантска работа во НЛБ Банка

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка