Банки
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Со цел проширување на својот тим, Стопанска Банка АД Скопје објавува оглас за следната работна позиција Дилер на финансиски пазари, Сектор за средства и ликвидност.
Работното место опфаќа:
- Купопродажба на странски платежни средства на девизниот пазар;
- Одржување и унапредување на односите и соработката со клиентите и филијалите на СБ
- Тргување на пазарот на пари (депозити)
- Тргување со хартии од вредност (Државни записи и обврзници)
- Тргување со ефективни парични средства
- Формирање на курсните листи за СБ
- Подготвување на интерни и екстерни извештаи и организирање на база на податоци
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- ВСП – Економски факултет / Бизнис администрација
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство во финансиска институција ќе се сметаат како предност;
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Microsoft Office
Лични карактеристики:
- Динамична личност со способност за преземање иницијативи
- Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
Кандидатите кои имаат претходно работно искуство со тргување на финансиски инструменти или поседуваат ACI Dealing Certificate ќе се смета дека имаат предност при вработувањето.
Вработувањето е на определено време со можност по истекот да премине во вработување на неопределено време. Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок, со почеток од 08 часот до 9 часот и крај на работното време од 16 часот до 17 часот во седиштето на Банката, улица 11 Октомври бр.7, Скопје.
Висината на основната плата ќе се дефинира врз основа на работното искуство и исполнувањето на критериумите од страна на кандидатот.
Пополнете ја апликацијата на веб – страницата на Банката www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/ со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 11.7.2023 година.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати. Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Платена практикантска работа во НЛБ Банка

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство