Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола за раководител на секторот за процесирање

Објавено

на

Службата за човечки ресурси на Стопанска банка а.д. Битола за потребите на Секторот за процесирање, Служба за администрација и евиденција на депозити, објавува

ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место раководител.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
– Економски факултет,
– Најмалку пет години работно искуство во банка,
– Одлично познавање на законската регулатива
– Одлично познавање на англиски јазик,
– Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office),

Дел од работните задачи и одговорности на работното место:

  • Развива, управува, организира и ги контролира работните процеси во Службата со цел да се постигнат стратешките цели на Банката,
  • Планира, управува, координира и ревидира со работниот план за Службата, доделува работни задачи и одговорности, ги ревидира и евалуира работните процедури, упатствата, одржува состаноци со вработените за да се идентификуваат и разрешуваат проблемите,
  • Дава насоки за квалитетно извршување на работите и работните задачи на сите вработени во Службата,
    Предлага мерки за унапредување на работните процеси во Службата и се грижи за нивното спроведување,
  • Го координира и контролира процесот на изготвување на Договори за сите видови депозитни продукти во надлежност на Службата, реализацијата на продуктите, комплетноста на општите/подинечните досиеја за одделни продукти и нивното навремено ажурирање, како и чувањето на досиејата (договорите),
  • Ја координира работата на Службата со останатите служби во Секторот и со службите со кои постои поврзаност во извршувањето на работните процеси во Банката,
  • Соработува со останатите служби во насока на унапредување на работните цели и задачи на Службата,
    Извршува и други обврски и има други одговорности на барање на директорот на Секторот и членовите на УО.

Лични карактеристики и вештини потребни за работното место
– Работливост,
– Личен интегритет,
– Доверливост,
– Способност за работа под притисок и во кратки рокови,
– Toчност,
– Комуникативност,
– Креативност,
– Добри организациски и управувачки вештини,
– Способност за препознава и рангира приоритетни зададчи и да предлага рокови за извршување,
– Добри интерперсоналнии комуникациски вештини за воспсотавување односи со персоналот,
– Способност да анализира, интерпретира и презентира законска рамка,
– Иницијативност и способност да дава нови идеи,
– Организациски и вештини за планирање и управување со сопственото време за да се почитуваат поставените рокови и цели,
– Способност за медијаторство,
– Способност за презентација,
– Работа на компјутер,
– Возачка дозвола Б категорија.

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Битола. Ќе се разгледуваат исклучиво апликациите на кандидатите кои имаат искуство во познавањето на работењето со депозити во земјата и законската регулатива.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот на следнaта адреса: hr@stbbt.com.mk со назнака во Subject „За раководител за администрација и евиденција на депозити“.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица и за таа цел објавува оглас за следново работно место: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Доколку се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка, сте амбициозни и посветени индивидуи кои што сакаат да се надоградуваат во повеќе области, аплицирајте за Советник за продажба. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

За потребите на нашите безбедносни служби бараме кандидат за следната атрактивна работна позиција:

Технички специјалист за безбедносни системи

Главна цел на работното место е инсталација, одржување и контрола на техничките безбедносни системи (видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап)

Улога во тимот:

  • Одржување и контрола на системите за техничко обезбедување (со главен фокус на системи за видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап);
  • Спроведување на процедурите и упатствата на безбедносните системи на Банката
  • Координација и контрола на надворешни добавувачи на технички и безбедносни услуги;
  • Планирање и организација на превентивни и вонредни мерки за одржување
  • Анализа и известување за користењето на системите
  • Администрирање на профилите на корисниците на техничките безбедносни системи.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Техничко образование од областа на електро-техниката / електроника:
  • Електро-техничар (средно стручно образование) со најмалку 5 години соодветно работно искуство или
  • Инженер по електро-техника / електроника со најмалку една година соодветно работно искуство
  • Соодветно работно искуство за оваа позиција се смета инсталација / одржување на алармни системи, системи за видео надзор и друга безбедносна опрема
  • Напредни технички познавања од системи за видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап.
  • Англиски јазик на најмалку средно ниво, стручен технички јазик
  • Аналитичност и темелност во работењето, способност  за идентификација на проблеми и нивно решавање
  • Афинитет кон безбедносни системи

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:

  • Работното место нуди предизвик за работа со софистицирани технички системи за поддршка на безбедноста на Банката
  • Тим на успешни професионалци, посветени на иновации
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето
  • Можности за обука и кариерен развој
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци

Заинтересираните кандидати своите податоци можат да ги достават на следниот линк најдоцна до 25.05.2018 година.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange