Банки
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола

Стопанска Банка а.д. Битола, за своите потреби од ангажирање стручен кадар, објавува оглас за вработување на извршител/и на работното место стручен соработник за проценки за потребите на Службата за управување со имот.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование;
- Да ги поседува потребните уверенија за положени испити – лиценци со положена обука за проценка на вредноста од областите: недвижен имот, подвижен имот, транспортни средства, информатичка технологија, машини и опрема, капитал и трговски друштва и други правни лица, побарувања и обврски, земјоделство (жива стока, стада, насади, род и др.), индустриска сопственост;
- Напредно познавање на регулативата поврзана од областа на проценување;
- Познавање на меѓународните стандарди за процена (IVS / EVS – TEGOVA) ќе се смета за предност;
- Прецизност, точност, аналитичен и етички пристап во текот на работењето;
- Проактивен пристап во работата, професионална етика, способност за тимска работа, одлични комуникациски и организациски вештини;
- Најмалку пет години работно искуство во согласност со образованието;
- Најмалку една година работно искуство во областа на процена;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office);
- Возачка дозвола – Б категорија.
Работни задачи и одговорности на работното место:
- Изготвување на наоди и мислења за утврдување на пазарната вредност на понудените колатерали, недвижен имот, подвижен имот, машини и опрема и др.;
- Анализа на формалните и вредносните аспекти на понудените колатерали;
- Евалуација, репроценка и ажурирање на пазарната вредност на претходно заложен имот и на колатералите во Банката;
- Мониторинг, известување, контрола и иницирање на корективни активности поврзани со колатералите;
- Изработка на редовни извештаи за реализираните активности во текот на претходниот месец;
- Познавање на постојната регулатива и други акти за проценка, како и меѓународните стандарди за проценка (IVS и/или EVS) со континуирано следење на промените преку обуки и лична професионална надградба;
- Одговорност во врска со следење на пазарните движења во делот на недвижниот и подвижниот имот.
Потребата за ангажирање на извршител/и на ова работно место се однесува за Битола или Скопје и за определено време, со полно работно време од 8:30 до 16:30.
Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик (по можност со фотографија), на следната адреса: hr@stbbt.com.mk, најдоцна до 18.07.2022 година, со назнака во Subject: „За огласот за вработување стручен соработник за процена“.
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје