Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД – Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција:

МРЕЖЕН АДМИНИСТРАТОР
СЕКТОР за ИТ

Работното место опфаќа:

  • Конфигурација и одржување на мрежни уреди и комуникациски врски
  • Мониторинг, контрола и оптимизација на перформансите на комуникациските врски
  • Дефинирање на права на пристап на корисниците на мрежно ниво
  • Имплементација и одржување на безбедност на мрежата
  • Конфигурација и мониторинг на хардверски и софтверски огнени ѕидови
  • Конфигурација и мониторинг на мрежни уреди за детекција на упади

Потребни квалификации:

  • Искуство во одржување на Cisco и HP мрежни уреди
  • Искуство во одржување на комуникациски врски и мрежни адресни шеми, мониторинг и оптимизација на перформанси на комуникациски врски
  • Искуство во дефинирање на права на пристап на мрежно ниво и безбедност на компјутерски мрежи
  • Завршено соодветно високо образование
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Работно искуство од најмалку 3 години во областа

Работата е со полно работно време, 40 часа неделно. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи и нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можности за професионален напредок.

Кратка биографија може да се достави онлајн на: www.stb.com.mk/kariera-vo-sb, преку e-mail до: human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место се аплицира. Лице за контакт: Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

Селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во
работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Ако твојата желба е работа во динамична работна атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот и придружи се кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје.

(more…)

Продолжи со читање


Популарно