Банки
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола

Стопанска Банка а.д. Битола се стреми кон континуирано унапредување, усовршување и надградување со цел да бидат исполнети сите барања и потреби на клиентите. За таа цел, Банката е во потрага по нови, образовани, талентирани и високо мотивирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња.
Службата за човечки ресурси за потребите на Секторот за работа со физички лица и микро клиенти, објавува
ОГЛАС
за ангажирање еден (1) извршител на работното место
Кредитен аналитичар за микро клиенти
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- Високо образование,
- Задолжително познавање на официјалниот јазик на РМ,
- Одлично познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office),
- Работно искуство во финансиска институција ќе се смета за преддност
Лични карактеристики и вештини потребни за работното место:
- Работливост,
- Доверливост,
- Способност за работа под притисок и во кратки рокови,
- Комуникативност,
- Добри организациски вештини,
- Добри интерперсоналнии комуникациски вештини за воспсотавување односи со персоналот,
- Способност да анализира, интерпретира и презентира законска рамка,
- Вештини за преговарање и разрешување на проблеми,
- Иницијативност и способност да дава нови идеи,
- Организациски и вештини за планирање и управување со сопственото време за да се почитуваат поставените рокови и цели,
- Возачка дозвола Б категорија.
Дел од работните задачи и одговорности на работното место:
- Одговорен е за поддршка на продажбата во процесот на кредитирање на правни лица, преку анализирање на финаснските извештаи од работењето и проценка на економската состојба на овие клиенти
- Ги следи договорните обврски на клиентите правни лица
- Одговорен е за дополнителни активности поврзани со кредитниот процес, почитувајќи ги интерните акти и процедури на банката
Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Скопје, со договор на неопределено време, со полно работно време и плата по договор во зависност од компетенциите, стручноста и квалитетот на кандидатот.
Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик на следнaта адреса: hr@stbbt.com.mk, со назнака во Subject „Кредитен аналитичар за микро клиенти “.
Огласот трае се до пополнување на работната позиција.
Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е во потрага по талентиран и креативен маркетинг дизајнер кој би се придружил на динамичниот маркетинг тим на Банката. Како маркетинг дизајнер, ќе имаш клучна улога во обликувањето и извршувањето на визуелниот идентитет на НЛБ брендот низ различни канали и платформи. Ова е возбудлива можност заедно со останатите вработени значително да придонесеш за остварување на маркетинг целите на Банката. (more…)
Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје