Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД Скопје, членка на НБГ – најголемата финансиска групација во Југоисточна Европа објавува:

О Г Л А С
За прием на работник на работно место
ОПЕРАТОР
во Сектор за информатичка технологија

Работното место ги опфаќа следните активности:

  • Мониторирање на системи
  • Обезбедување на хелпдеск поддршка
  • Мониторирање и поддршка на банкомати
  • Администрирање на кориснички профили
  • Спроведување на системски обработки
  • Контрола на опремата и активностите во дата центарот

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Одлично познавање на работа со компјутери и Windows оперативен систем
  • Искуство со ИТ хелпдеск поддршка, мониторирање на системи, решавање и ескалација на инциденти
  • Основно познавање на Unix или Linux оперативни системи
  • Основно познавање на компјутерски мрежи и сигурност на информациони системи
  • Завршено високо образование, информатичка технологија, електротехника, машински, или друг технички факултет
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Работно искуство од најмалку 2 години во област

Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став и однесување
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Банката обезбедува основна нето плата од 30.000,00 МКД.

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно и распоред на работата во смени кои
покриваат во текот на целата недела според план за сменско работење. Банката исплатува додатоци
и надоместоци од работен однос согласно законските прописи. Банката нуди динамична, квалитетна
и пријатна работна средина и можности за професионален напредок на своите вработени.

Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите најдоцна до 20.7.2021 година, онлајн преку следниот линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-mail: human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате.

Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)

Продолжи со читање

Популарно