Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД Скопје, членка на НБГ – најголемата финансиска групација во Југоисточна Европа објавува:

О Г Л А С
За прием на работник на
работна позиција:
Администратор на картичен систем

во Сектор за информатичка технологија

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Познавање на Unix / Linux оперативни системи
  • Познавање на бази на податоци
  • Познавање на компјутерски мрежи
  • Познавање на сигурност на информативни системи
  • Познавање на систем мониторинг, процес на решавање на инциденти и проблеми, тјунирање на перформанси на системи
  • Познавање на работата на картични системи, банкомати и POS уреди ќе се смета за предност
  • ВСП – факултет за информатичка технологија или електротехника
  • Најмалку 2 години работно искуство
  • Одлично познавање на англиски јазик

Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став и однесување
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00 часот до 9.00 часот и крај од 16.00 часот до 17.00 часот.

Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите најдоцна до 20.7.2021 година, онлајн преку следниот линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку email: human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција:

Референт во Сектор Back Office на Трежри, Депозити и SWIFT во Дирекција Платни системи (more…)

Продолжи со читање



Популарно