Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа објавува:

О Г Л А С

За прием на работник на работно место

Администратор на систем во Сектор за информатичка технологија

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Искуство со UNIX и со Linux системи во делот на: администрација, конфигурирање, одржување безбедност, изработка на скрипти, анализа и решавање проблеми, подобрување карактеристики.
  • Искуство со AIX оперативен систем и IBM Power Systems сервери ќе се смета за предност
  • ВСП – Факултет за информатичка технологија или електротехника
  • Работно искуство како UNIX / Linux администратор од најмалку 5 години
  • Одлично познавање англиски јазик

Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став  и однесување
  • Способност за работа под притисок, соочување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во краток временски рок
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8:00 часот до 9:00 часот и крај од 16:00 часот до 17:00 часот. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и за професионален напредок на своите вработени.

Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, аплицирајте со поднесување ваша кратка биографија (CV) на англиски и на македонски јазик преку интернет на следниов линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-пошта:  human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. „11 Октомври“, бр. 7, 1000 Скопје, со забелешка за кое работно место аплицирате.

Лице за контакт, Даниела Радевска, тел. 02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ групацијата објавува оглас за вработување на Брокер во Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско – посреднички услуги во Сектор за средства и ликвидност. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во КаСис – Интернационален Картичен Систем АД Скопје

Објавено

на

Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање


Популарно