Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Службата за човечки ресурси за потребите на Секторот за организација и ИТ, Служба за организација, објавува оглас за ангажирање еден (1) извршител на работното место ИТ Специјалист.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршенo високо образование од областа на компјутерски науки и технологии,
  • Апликативна примена на SQL Server 2012/2016 бази на податоци; T-SQL и Reporting Services
  • Познавање на Office алатки
  • Предност е познавање на банкарска терминологија
  • Предност e познавање на Data Warehouse
  • Опционо познавањe на: Visual Studio, .NET
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Најмалку 3 години работно искуство

Лични карактеристики и вештини потребни за работното место

  • Способност за тимска работа и работа под притисок со крајни рокови
  • Способност за учество и координација во проектни активност, тестирање и креирање на документација за апликативни решенија
  •  Способност за паралелно учество во повеќе активности
  • Способност за решавање проблеми, управување со приоритети и можност за самостојно работење без надзор од претпоставен
  • Одлични организаторски и комуникациски способности со високо ниво на ефективност
  • Возачка дозвола Б категорија

Дел од работните задачи и одговорности на работното место:

Работни задачи и одговорности:

  • Подршка при масовни операции,
  • Тестирање на барањата за промени на апликациите,
  • Имплементација на промени во апликациите,
  • Анализa и подршка при проблеми со функционирањето на апликациите,
  • Прилагодување на функциите на апликациите,
  • Изготвување на упатствата на специфичните модули,
  • Изготвување на извештаи за потребите на службите,
  • Анализи на процесите за ефикасно извршување со помош на апликациите,
  • Работа на оперативни и организациски задачи,
  • Развој и одржување на апликациите,
  • Развој на стандардни процеси,
  • Организациски развој и дизајн,
  • Одржување на актуелноста и квалитетот на интернет-интранет страните,

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација Деловен центар во Скопје или Централа Битола со договор за работа во зависност од работно искуство и познавање на работни процеси со работно време од 8 часа, согласно Одлуката за работно време на Банката.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на огласот на следнaта адреса: hr@stbbt.com.mk со назнака во Subject „ИТ специјалист“.

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Деловен асистент на Управен одбор (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Популарно